На локалниот пат Брест-регионален пат Штип-Радовиш, вчера во 18 часот се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „голф 3“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (50) од село Брест и патничко моторно возило „фиат пунто“ без регистарски ознаки, управувано од непознато лице.
Според пријавеното, кога Т.С. излегол од возилото и сакал од својот мобилен телефон да го пријави настанот во полиција, физички бил нападнат од возачот и совозачот на возилото „фиат пунто“, кои потоа му го одзеле возилото и избегале оставајќи го нивното возило на лице место.
Одземеното возило „голф 3“ било пронајдено во близина на Брест. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот.