Мухиќ: Хан не може да дели лекции на претседател на држава, Иванов дома ќе го критикуваме

1613

Ако треба ние ќе бидеме најголемите критичари на секој наш претставник но не смееме да допуштиме нарушување на нашето достоинство и суверенитет, рече денес независниот пратеник Ферид Мухиќ од собраниската говорница и упати протест за вчерашната изјава на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Еврокомесарот вчера го критикуваше однесувањето на претседателот Ѓорге Иванов, кој на средбата со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, од нив само го зема договорот за името и за деве минути го напушти состанокот.

Мухиќ посочи дека неприкосновено право на секоја држава па и на Македонија е да биде меѓународно почитувана.

-Иритиран сум од вчерашната арогантна изјава на Јоханес Хан на сметка на претседателот на една самостојна суверена држава Република Македонија. Не може да дели лекции никој на претседатели на држави, без оглед како и да им е ставот. Тоа е суверено право на институциите на граѓаните на таа држава и вакво непрмерно делење лекции јавно покажува дека неговиот став кон Македонија со оваа изјава покажа минимум почитување, односно никакво почитување и мислам дека мораме да се залагаме за достоинство.Нашето суверено право е само наше право да изразуваме јавна критика а официјални актери од други земји на тоа не би требало да имаат такво право – рече Мухиќ.

Вчера еврокомесарот за проширување Хан во интервју за МИА вака ја коментираше одлуката на Иванов да го прими само договорот со Грција но не и Заев и Димитров.

– Не е соодветно за претседател на држава, да одбие да разговара со премиер, со министер за надворешни, за да добие информации од прва рака. Мислам дека премиерот и министерот за надворешни целосно ги почитуваа уставните насоки и можам само да го повикам итно претседателот да преземе одговорност. Ова не е прашање на прифаќање, но во демократија може да очекуваме да се слушаат луѓето меѓусебно и да дискутираат и не треба да се заборави дека шеф на држава е на некој начин модел за многу луѓе во една земја, претседателот како директно избран има специјална позиција и одговорност и треба да е свесен за ова, инаку и наштетува на функцијата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...