Мухиќ во „Само вистина“: Не бев во Парламент кога се гласаше Договорот за името ВИДЕО

Договорот со Грција без преседан е најбесмисленииот и најпарадоксалниот договор, камен од камен не остана од нас. 27 години сум против тој договор, вели пратеникот.

1908

Во моментот не ни бев во Парламентот, како може да сум гласал „да“ или „не“, вели независниот пратеник Ферид Мухиќ, дел од парламентарното мнозинство, кој во вечерашната „Само вистина“ на телевизија Канал 5 потврди дека воопшто не гласал, независно што некои електронски медиуми јавија дека гласал „за“ ратификација на договорот со Грција.

– Договорот со Грција без преседан е најбесмисленииот и најпарадоксалниот договор, камен од камен не остана од нас. 27 години сум против тој договор – вели Мухиќ.

Според него, со договорот се бришат сите етникуми во Македонија не само Македонците туку и Албанци, Турци, Власи, Турци, Роми…

– Целта на промената на името е прекројување на границите на Балканот и јасно разграничување на муслиманите и христијаните – смета тој.

Сепак, Мухиќ смета дека премиерот Зоран Заев бил храбар што конечно ги дотуркал работите до овде и штом прифатил ваков договор, значи бил принуден на тоа.

Мухиќ смета дека за промена на име не треба ниту граѓаните да излегуваат на референдум.

– Со овој договор се порекнува македонскиот национален идентитет – смета Мухиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...