Мустафа Надаревиќ откри дека боледува од рак на белите дробови, а испрати порака до пушачите

Како што рекол тој, на преглед за среќа пошол навреме, а на пушачите им порачал да не бидат примитивни како тој и да не се плашат од доктори.

993

Популарнот регионален актер Мустафа Надаревиќ (76) признал дека боледува од тешка болест.

Како што вели, подолго време се бори со рак на белите дробови, а сега застанал пред камера и за компанијата „Удахни за живот“, раскажал за своето лечење, но исто така испратил и моќна порака на сите луѓе.

– Кога сфатив дека тоа е дел од мојот живот, дека таа болест е дел од мојот живот тогаш ја прифатив. Кога нешто ќе прифатиш со љубов тогаш може и да се победи – изјавил Мустафа.

Како што рекол тој, на преглед за среќа пошол навреме, а на пушачите им порачал да не бидат примитивни како тој и да не се плашат од доктори.

– Мене лекарот уште како мал ми беше „оф леле“, од забар во недела до другите доктори, сè беше страшно. Но, убаво е да се оди на доктор навреме затоа што тогаш лечењето е многу поблиску – вели актерот.

Мустафа во серијата „Луд, збунет, нормален“ ја толкува улогата на Изет, а сценаристот Феџа Исовиќ вели дека снимањето на серијата ќе продолжи.

– Серијата ќе се снима и понатаму додека Мустафа може да се носи со товарот на таа работа. Штотуку снимаме нови епизоди на серијата. Тој сега е добар, со добра енергија, мислам дека ќе продолжи да работи. Неговите здравствени проблеми за среќа сега се повлекоа и работиме со полна пареа – рекол Феџа.

Во раната фаза на карцином на белите дробови нема симптоми па многумина не се свесни дека се болни. Раното откривање на болеста може да го спаси животот за 80 отсто, наведуваат докторите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...