Муса: Вакцините што се во употреба се уредни и ги исполнуваат европските стандарди

71
EPA/SEBASTIEN NOGIER

Со целосна одговорност тврдам дека вакцините што се во употреба во здравствените институции се уредни и ги исполнуваат европските стандарди, рече заменик министерот за здравство Асим Муса на денешната собраниска седница одговарајќи на прашање на пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Муса додаде дека вакцините што беа со погрешни декларации се повлечени од здравствените институции.

– Дека вакцините во нашите здравствени установи се целосно уредни и воопшто не се поинакви од вакцините во здравствените институции во европските земји,  потврди и комисијата од произведувачот на вакцините што беше дојдена во Македонија – рече Муса.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...