Муртезани: БЕСА е спремна за избори, но сега е поважно да се спроведе Договорот со Грција

395

Движењето БЕСА несомнено дека ќе ги поддржи уставните измени, кои произлегуваат од Преспанскиот договор како единствена можност за отворање на патот на земјата кон евро-атлантските интеграции, вели портпаролот Орхан Муртезани во изјава за Плусинфо.

На новинарско прашање во врска со најавите дека во актуелнава и жешка политичка ситуација се поверојатно е дека ќе дојде до одмерување на политичките сили на изборен мегдан, ако пропаднат преговорите за двотретинска поддршка на уставните измени во Собранието, Муртезани приоротет им дава на собраниските активности.

-Имајќи ги предвид активностите на Движењето БЕСА за време на кампањата за референдумот, ние сме спремни за избори било кога да се одржуваат тие, но во моментот треба максимално да се фокусираме во Собранието за да се усвојат уставните измени и да се имплементира договорот – смета Муртезани и истакнува дека во овие моменти  треба да се покаже одговорност и зрелост и да се поддржи процесот во интерес на државата, наспроти предвремени избори.

-Не станува збор воопшто ни за избори, ниту пак за никакви евентуални коалиции, сериозноста на ситуацијата бара од сите политички актери да се фокусираат во Собранието во изнаоѓање на решение – додава портпаролот на БЕСА Орхан Муртезани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...