Мурињо со 100 милиони фунти ќе избира нови играчи во зимскиот преоден рок

186

Раководството на Манчестер Јунајтед му одобри повеќе од 100 милиони фунти на тренерот Жозе Мурињо за нови играчи во зимскиот трансфер прозорец.

Како што се наведува во информацијата на „Гардијан“, португалскиот стручњак сака да ангажира централен дефанзивец и напаѓач.

Манчестер Јунајтед во минатото лето беше заинтересиран за одбранбените фудбалери Рафаел Варан и Жером Боатенг.

Мурињо во 2016 година потпиша договор со Јунајтед до 2019 година.

Оваа сезона во неколку наврати се шпекулираше за предвремено заминување на Португалецот од „Олд Трафорд“ поради тоа што не биле исполнети неговите барања за засилувања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...