Мурињо се договори со даночната служба на Шпанија, ќе избегне ли затворска казна?

Мурињо признал прекршоци и се согласил да плати парична казна.

144

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, постигна договор со даночната служба на Шпанија, која го теретеше за затајување данок.

Како што е наведено во „Ел Мундо Депортиво“ Португалецот е обвинет за финансиска измама извршена во 2011 и 2012 година, кога го предводеше Реал Мадрид.

Според изворот, Мурињо признал прекршоци и се согласил да плати парична казна од 670 илјади евра.

По ова се очекува случајот против португалскиот тренер да биде затворен и со тоа тој избегна евентуална затворска казна.

ФОТО: ФК Челзи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...