Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, даде изненадувачка изјава. Португалецот изјави дека за време на „Ел Класико“, капитенот на „белите“, Серхио Рамос, намерно го удрил со рака напаѓачот на Барселона, Лионел Меси.
– Мислам дека во првото полувреме тимовите, кои ја имаа топката во свој посед, не си создаваа особени проблеми. Ривалите во пракса не си вршеа притисок, а во нивните дејства во одбрана недостигаше интензитет. Екипите се бранеа зонски. Тоа не личеше на дерби од таков калибар, ја немаше жестината на натпревар, кој може да ја реши шампионската титула, изјави Мурињо, цитиран од „Беин Спортс“.
Тој потоа го прокоментира Рамос, кој имаше судир со ѕвездата на тимот, Лео Меси.
– Мислам дека активностите на Рамос во последните минути на првото полувреме можат да се објаснат со тоа дека тој знаеше, дека играта треба да се промени. Веројатно тоа го правеше со намерата го зголеми интезитеот на играта во второто полувреме, бидејќи до паузата играта беше мека, дополни поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед.