Поранешниот менаџер на Челзи, Жозе Мурињо откри како се дошло до трансферот на Дидие Дрогба во 2004 година. Тогаш „сините“ платија 24 милиони фунти за напаѓачот на Марсеј.
– Дрогба веќе играшe за Гингам, Марсеј, како и во некои тимови нa изнајмување. Кога побарав да го земам во Челзи сe сеќавам како Абрамович ме праша: „Кој напаѓач го сакаш?“ Со сите силни играчи на овој пост во тоа време во Англија, одговорив … Дрогба. „Кој? Кој е тој? Каде игра?“ Тој не запираше да ме прашува, а јас му реков само: плаќај и не прашувај“ – изјави тој.
На крајот, Дрогба стана легенда за Челзи и Премиер лигата. Тој освои три титули на Англија со Челзи, четири пати го крена трофејот од ФА Купот, а исто така беше дел од тимот кој ја освои Шампионската лига пред да ја продолжи кариерата во Кина.