Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, по нерешениот исход со Арсенал, во натпреварот од 15. круг од првенството на Англија, побара од новинарите да го остават тимот на мир.
Тој додаде дека на неговите избраници треба да им се даде време.
– Морам да изразам несогласување со луѓето кои се обидуваат да го споредат Манчестер со оној во кој беа Рој Кин, Руд ван Нистелрој и Немања Видиќ. Оставете не нас на мира и дајте ни време. Нашиот тим има душа и срце, но досега има недостаток во поглед на стабилност и единство – рече Мурињо.
За Јунајтед ова е трет нерешен дуел по ред по што негативата зад лидерот Манчестер Сити на табелата во Премиер лигата е огромни 18 бода.