Мурињо нов тренер на Тотенхем

272
ФОТО: EPA / GEORGIOS KEFALAS

Португалскиот фудбалски стручњак, Жозе Мурињо е назначен за нов главен тренер на Тотенхем, објавено е на официјалната веб-страница на англискиот клуб.

Договорот со 56-годишниот Мурињо има важност до крајот на сезоната 2022/23.

Португалецот на клупата на „спарс“ го наследува Маурицио Покетино кој вчеравечер доби отказ.

Смената на тренерското место во премиерлигашот од Лондон доаѓа по најслабиот почеток на сезоната во последните 11 години.

Последната работа на Мурињо му беше во Манчестер јунајтед пред една година. Претходно во Премиер лигата го предводеше Челси во два наврата, од 2004 до 2007 година и од 2013 до 2015 година.

ФОТО: EPA / GEORGIOS KEFALAS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...