Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, може да го преземе кормилото на францускиот гигант Пари Сен Жермен. Ова го објави новинарот Робин Баирнер.
Според него, местото на досегашниот ментор на Парижаните – Томас Тухел, е неизвесно заради неубедливиот старт на сезоната во Лигата 1. Во првиот натпревар францускиот шампион го совлада Нимс со 3:0, но во вториот загуби од Рен 1:2. Деновиве се појавија информации дека играчите на ПСЖ се незадоволни од методите за работа на Тухел.
Мурињо е невработен од декември 2018 година, кога беше отпуштен од Манчестер Јунајтед. Тој во моментов работи како телевизиски коментатор.