Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо призна дека неговата самодоверба е на ниско ниво поради безбројните критики кон неговата работа и постојаните шпекулации кога ќе биде разрешен од функцијата.
– Критиките влијаат на мене, јас сум исто така човек како и секој друг. Дефинитивно не сум задоволен од ваквата состојба на работите, но нема да си дозволам да пренесам некоја загриженост на играчите – прокоментира Мурињо пред гостувањето кај Челзи од деветтиот круг на Премиер лигата денес.
Португалецот беше пред разрешување и во неделата пред натпреварот против Њукасл, но тогаш фудбалерите на „црвените ѓаволи“ постигнаа целосен пресврт од 0:2 до 3:2 и го спасија својот менаџер.