Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола ќе се судрат повторно во 17.30 часот денес кога Тотенхем е домаќин на Манчестер Сити.
Сепак, односите меѓу нив значително се подобрија. Во пресрет на средбата, Каталонецот изјави дека Португалецот заслужува повеќе почит.
Менаџерот на „петлите“ беше критикуван за неговиот стил на игра за време на своето време во Јунајтед. Гвардиола живеел само неколку метри од Жозе во центарот на градот Манчестер, а според Пеп, Специјалниот не треба да му се суди само за своето време на „Олд Трафорд“.
Жозе исто така ја отфрли можноста за раздор со стратегот од Каталонија и покрај ривалството меѓу двајцата за времена „Ел Класико“ и во дербито во Манчестер.
Португалецот рече дека натпреварот Тотенхем – Сити е „почеток на ново поглавје“. Тој додаде дека претпочитал да се сеќава на времето кога бил дел од тренерскиот штаб на Сер Боби Робсон во Барселона, а Гвардиола бил играч на тимот.