Мундијалот ја тресе германската економија, се губат милиони, вработените гледаат фудбал

745

Одлучувачкиот натпревар во Групата Ф помеѓу Германија и Јужна Кореја би можела да ја чини германската економија помеѓу 130 и 200 милиони евра, бидејќи натпреварот се игра за време на редовното работно време, наведува медиумската група Функе..

– Доколку само секој втор вработен, кој во тој момент се наоѓа на работното место, го гледа натпреварот и ако вработените не останат подолго на работа за да го надоместат загубениот час, тоа ќе ја чини германска економија помеѓу 130 и 200 милиони евра – тврди Функе групата, повикувајќи се на истражување на Институтот за германска економија.

Сличен феномен веќе беше забележан на последните големи фудбалски натпреварувања.

Но, експертите во исто време го нагласуваат и аспектот на заедништвото, градењето на тимскиот дух, што се создава за време на заедничкото гледање натпревар, што само по себе може да има позитивни ефекти врз продуктивноста.

– Не се работи секогаш за пари, туку за тим-билдинг. И нема ништо подобро од заедничко гледање натпревар на германската репрезентација – вели Кристоф Шредер од Институтот за германска економија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...