Мукоски не знаел со која намера влегле луѓето во Собранието, рече адвокатот на пратеникот

860

Адвокатот на обвинетиот пратеник Крсто Мукоски за упадот во Собранието на 27 април минатата година, рече дека неговиот клиент не знаел со која намера луѓето се влезени во Парламентот.

– Нема двострана комуникација, нема ниту наредба за преземање дејствија – рече адвокатот на обвинетиот пратеник.

Според тоа, додаде тој, не може да стане збор за умисла со која е сторено кривичното дело кое му се става на товар на неговиот клиент.

Истиот адвокат кој го застапува Оливер Радулов, рече дека тој бил само во придружба на Сашо Марковски од УБК, кога биле во Собранието. Нив обвинителството ги обвини за помагање, поради одземените хард дискови со видеоснимките од собраниските камери./Макфакс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...