Ги потенциравме нашите барања и генерално го усоглаисвме текстот на амандманите. Се надеваме дека утре рано Владата ќе го достави документот до Собранието, изјави пратеникот Крсто Мукоски од новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата по средбата со премиерот Зоран Заев за уставните амандмани, која се оддржа во Собранието.
Тој повтори дека нивните барања се однесуваат на дополнително зацврстување на македонскиот идентитет, културно наследство и јазикот. Постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи го процесот што води кон полноправно членство на Македонија во ЕУ, поништување на сите амандмани кои произлегуваат од договорт во случај Грција да не го ратификува.
– Рзговаравме и за телото за внатрешно помирување . Тоа треба да почне ефективно да работи од понеделник. Договорен е составот и бројот на членовите на телото – рече Мукоски.
И тој како и премиерот Заев повтори дека постојат два начини нивните барања да се инкорпорираат, или тие да бидат вметнати во владините амандмани или пратениците да поднеста амандмани на амандманите на Владата.
– Добивме гаранции дека Владата ќе ги прифати нашите амандмани – рече Мукоски.
– Сите партеници кои сакаат да го поддржат Договорот од Преспа се добредојдени. За ова треба нив да ги прашате – рече Мукоски на прашањето дали и други пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за уставните амандмани.
Тој ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да учрествуваат и во телото за помирување.