Мукадезе Хајдари е новата претседателка на Форумот на жените на ДУИ, соопшти партијата. Во Скопје денеска се одржа Изборното собрание на Демократската Унија за Интеграција во кое се избра новата претседателка, потпретседателки, секретарот и членовите на раководството.
– Во дух на консенсуалноста го избравме претседателот на Собранието, градоначалниците на општините, владата и следен е и претседателот на државата, но за нас денес беше поважна внатрепартиската консенсуалност – велат од партијата о додаваат:
– По широките консултации со претседателот на ДУИ Али Ахмети и претседателите на ограноците на Форумот на жени и по постигнувањето на потполната консензуална согласност во нашите редови, во Изборното собрание се предложи и се усвои следното раководство на Форумот на жени на Демократската Унија за Интеграција: Флорие Шерифи, Сиарта Амети, Сахиде Бајрами, Афродита Батали, Халиде Палоши, Сејбуше Илази, Ајше Селмани, Руждие Абдулаи, Миранда Рамети, Аријета Велиу, Фламуре Бериша, Лулзиме Балажи, Лејла Емрулаху, Хатиџе Топали, Фиторе Алигега, Вахиде Руфаи, Адердита Селами Салиу, Рушадије Рамани Халили, Хирије Фаризи, Брулинда Кучи, Гулхане Саќипи, секретар на Форумот, Вјолца Адеми, потпретседателка Ардита Дани, потпретседателка Фатмире Сахити, потпретседателка Рина Ајдари и Мукадезе Хајдари, претседателка на Форумот на Жени на Демократската Унија за Интеграција.