Македонската радио-телевизија прво најави дека ќе обезбеди пренос во живо од главната прослава на Градскиот парк во Скопје, а потоа во последен момент ја смени програмата.
На МТВ прво беше прикажуван игран филм, па стар концерт на Каролина.
Која беше причините за премислувањето на МРТ за сега е непознато.
Гледачите, меѓутоа, ги збуни тоа што во целиот тек на програмата стоеше информативен телоп дека МТВ има пренос „Македонија во НАТО и ЕУ – концерт“.
Од телевизијата не појаснија за што станува збор.
Од Владата пак за Плусинфо, изјавија дека бил договорен пренос, но дали бил одложен не можеа да потврдат.