МРТ: Манчевски прави притисок, МРТ работи професионално

849

Македонската Радио-телевизија обезбедува вистинито и непристрасно информирање и ниту застапува ниту заштитува ставови и интереси на политички партии, а најмалку од се создава програма под нивно влијание.

Ова е реакцијата на Уредничкиот колегиум на МРТ наставот на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски изнесени на една од социјалните мрежи дека МРТВ е срам, дно и целосно под политичка контрола на ВМРО-ДПМНЕ и дека Македонија нема јавен сервис на граѓаните.

– Македонската Радио-телевизија обезбедува вистинито и непристрасно информирање и ниту застапува ниту заштитува ставови и интереси на политички партии, а најмалку од се создава програма под нивно влијание. Граѓаните имаат јавен сервис на којшто може да му веруваат, а ставовите на министерот Манчевски може да се толкуваат само како обид за притисок врз професионалното работење на Македонската Радио- телевизија, се вели во реакцијата на уредничкиот колегиум на Македонската Радио- телевизија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...