Вработени во училиштето „Исгол Гyнрад Гyмраег Бодрингалт“ во велшкиот округ Ронда откриле леш од крокодил закопан под подот на една училница.
Британските медиуми пренесуваат дека се претпоставува оти влекачот некогаш бил изложен за потребите на самото училиште.
Директорот на установата, Нил Пајк, изјави дека приказни за закопан крокодил веќе со десетлетија кружат како урбана легенда, која сега се покажала вистинита.
– Сум слушнал дека родителите и вработените во училиштето го закопале крокодилот под објектот некаде меѓу двете светски војни – раскажува тој.
Прашан што ќе се случи сега со крокодилот, нема прецизен одговор.
– Или повторно ќе го закопаме или ќе го изложиме. Ќе видиме… – додаде Пајк.