Мртов кит од осум метри бил пронајден во средина на шума, откако на брегот на Амазон, локалното население воочило како лешинари кружат над него.
Биолозите се упатиле на местото на настанот, да испитаат што навистина му се случило на овој голем цицач.
Тој немал никакви видни рани. Бил стар година дена, а долг околу 8 метри. Научниците земале примероци за да ја утврдат причината за смрт.
– Ние го откривме само затоа што ги видовме лешинарите, трупот беше скриен во грмушките – велат научниците.
ФОТО: Принтскрин