Русинка за малку ќе се онесвестела од шок кога синот за кого верувала дека е мртов, се појавил на нејзината врата, пренесува „Метро“.
Шеесет и двегодишната Антонина Микхаиловна идентификувала погрешно тело како нејзиниот 43-годишен син Константин, откако тој исчезнал на 18 март.
Неговата поранешна сопруга и ќерката организирале погреб за него, а потоа следела кремација.
Четири месеци подоцна, Константин ја шокирал.
Како што тој кажал, одлучил да си земе малку време и „да размисли за смислата на животот“.
Мајката сега се извини поради тоа што идентификувала погрешно тело, велејќи оти тогаш „била многу потресена“.
– Ми изгледаше многу познато, па потврдив дека тој е мојот син – сега вели 62-годишната жена.
Полицијата се обидува да дознае кој е мртвиот човек, кој сега е кремиран и закопан.
ФОТО: CEN/ kp.md / Метро