Мрак во Волково

962

Повеќе од три часа жителите на скопската населба Волково се оставени без електрична енергија. Како што ни пишуваат читатели на Плусинфо, овој проблем таму се повторува веќе подолго време, а посочуваат дека и минатата ноќ останале без струја, а со тоа и без греење.

– Немањето електрична енергија станува редовна пракса за нас. Скоро секој ден се соочуваме со прекини, а претходната ноќ немаше струја повеќе од 12 часа. Еве и сега, во моментов, струја нема повеќе од три часа. Како да готвиме? Како да се грееме? Бадијала ли купувавме инвертер клими? – вели револтиран читател за Плусинфо.

Од ЕВН велат дека станува збор за дефект на далновод и дека екипите работат на проблемот. Оттаму не знаеја да ни кажат уште колку време ќе трае мракот во Волково.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...