МПЦ ќе се офајди со станови на атрактивна локација

1389

Македонската православна црква ќе добие станбен и деловен простор во висококатниците кои што треба да се изградат кај сега постоечкиот паркинг простор наспроти ГТЦ.

Од МПЦ тврдат дека не учествуваат во купување на никакво државно земјиште, туку дека купувањето го извршило фирмата „Обновители“, јави 24 вести.

–Македонската православна црква поседува парцела на паркингот наспроти ГТЦ која ја има добиено со денационализација. На инвеститорот, МПЦ, му ја отстапува својата парцела за која треба да добие станбен и деловен простор во објектите што ќе се градат таму – велат од МПЦ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...