Се гледа хаосот во ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија бескрајно повторува веќе одговорени прашања и пласира лажни вести, само за да прикрие дека нема став за најважните државни стратешки прашања и да ги сокрие внатрепартиските пресметки и чистки, реагира Министерството за одбрана.
„Партијата треба да се изјасни дали застанува покрај своите граѓани на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО каде што поведе владата, или е против овој стратешки интерес на земјата и ќе ги турка граѓаните назад“, вели МО.