„Мојот пратеник“: Собранието во првото полугодие донело 178 закони

74

Собранието го изработи деветнаесеттиот број на публикацијата „Мојот пратеник“ во која е содржан извештајот за работата на народните избраници за периодот од 1 јануари до 30 јуни годинава.

Во овој период, информираат од собраниската прес-служба, вкупно се донесени 178 закони, 83 од економската област, 52 од политички систем и 43 закони од областа на јавните дејности. Пет седници биле посветени на пратенички прашања.

Собранието од август 2006 година, во соработка со Граѓанската асоцијација „МОСТ“ редовно ја издава публикацијата „Мојот пратеник“, која сега е целосен производ на Законодавниот дом и на службата на Собранието. Oваа публикација претставува уште еден инструмент преку кој Законодавниот дом се приближува до граѓаните. Една од клучнитe заложби на Собранието е транспарентна и отчетна работа, како едни од основните темели на кои се гради демократското општество, стои во соопштението.

Комплетниот извештај за работата на Собранието, на пратениците и собраниските тела може да се преземе на линкот: https://www.sobranie.mk/content/%D0%9C%D0%BE%D1%98%D0%BE%D1%82%20%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%BA/mp19mk.pdf

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...