Елизабета Спасовска е речиси педесетгодишна жена и мајка на 20 ипол годишен син. Нејзиниот син Илија, е висок 180 цм, голем, вистински маж. За жал, ништо освен ова што досега го напишав не е онака како што треба да биде. Елизабета која до пред некоја година работела како книговодителка во една фирма, повеќе не работи затоа што Илија, едноставно, не е способен за самостоен живот. И згора на тоа, тој не смее да остане сам ниту пет минути затоа што речиси секојдневно добива напади на автоагресија, па колку и неговата мајка да бдее и да внимава тој да не се повреди себеси, а честопати и да ја подметнува својата рака под неговата за да го заштити од самиот себе; Илија досега веќе толку многу се повредил, што успеал да си ја одлепи ретината на едното око, затоа што најчесто се удира по главата, а ушите веќе му се неколку пати поголеми од нормалната величина.
Целиот текст побарајте го на порталот „Мајка и дете“.