„МојДДВ“ ги натера граѓаните да бараат фискални и да пријавуваат неправилности

1359

Карванот МојДДВ  денеска постави промотивен штанд во Дојран на кој сподели информации со граѓаните и туристите за позитивното искуство од мерката поврат на 15 отсто од пресметаниот ДДВ и апликацијата МојДДВ. Штандот во Дојран го посети градоначалникот Анго Ангов кој со граѓаните разговараше за МојДДВ и ги информираше за користа од оваа мерка.

– Задоволство ми е што имам можност да ја  поддржам оваа значајна мерка со која првпат државата враќа пари назад кај граѓаните – рече Ангов.

Тој додаде дека од мерката поврат на 15 отсто од ДДВ корист имаат и државата и граѓаните.

– Секој денар вратен назад кај граѓаните е важен и верувам дека секој кој троши сака да добие поврат од ДДВ. Досегашните резултати се успешни. Граѓаните бараат да им бидат издадени фискални сметки кога купуваат. Ги скенираат сметките преку апликацијата МојДДВ, пријавуваат неправилности до надлежните институции – рече Ангов и порача дека сите заедно преку овој процес придонесуваме за намалување на сивата економија, што е од исклучитечна важност и за развој општините, меѓу кои и Дојран.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...