Момче на 21-годишна возраст од скопското село Арачиново, вчера доживеално сообраќајна несреќа во селото на регионалниот пат Скопје-Куманово.
Тоа возејќи се со мотоцикл изгубило контрола и паднало на коловозот.
Според информациите од полицијата, се здобило со тешки телесни повреди и со друго возило било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, па препратено во комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.