Мотоциклист загина откако излетал од патот

135

На патот помеѓу селата Стојаково и Селемли утрово околу 2 часот загина 44-годишен маж од Богданци.

Тој го загубил животот откако управувајќи со мопед изгубил контрола и излетал од патот. Починал на самото место, а смрт била констатирана од страна на лекар од екипа на Итна медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од полицијата. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...