Мотоциклист загина на лице место во сообраќајка кај Гостивар

1146

Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа што попладнево се случи на регионалниот пат меѓу гостиварските села Равен и Вруток.

Од СВР Тетово соопштија дека судирот се случил меѓу автомобил „Ауди“ со госиварски регистарски ознаки, што бил управуван од лицето М.З (62) од Гостивар и мотоцикл „кавасаки”, што го управувал З. З. (21).

– Во несреќата, мотоциклистот од задобиените повреди починал на самото место. Во моментов јавен обвинител со увидна екипа вриш увид и се работи на утврдување на причините и околностите кои довеле до несреќата – рече Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Минатиот месец беа регистрирани 10 собраќајни несреќи, што споредно со лани е за двојно помалку. Во нив, нема загинати и тешко повредени, додека пет лица се задобиле со телесни повреди (двајца возачи, исто толку сопатници и еден пешак).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...