Ф.Ш. (25) од Скопје вчера доби тешки телесни повреди откако со својот мотор „кавасаки 550″ на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак, атар на село Нова Брезница, удрил во удрил во сообраќаен знак.
Тој со возило на итната медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники Мајка Тереза, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.