Според податоците добиени од програмата за паралелно сумирање на гласовите (ПВТ), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 10 часот е 5,2% со маргина на грешка од +/- 0,2%, соопшти МОСТ.
Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места забележано е следното:
На влезот во објектот во кој е сместено ГМ 2117, во с. Јегуновце има напишано графит со навредлива содржина. Била повикана полиција и бил направен записник, велат од МОСТ.