Набљудувачите на МОСТ забележаа две неправилности на избирачки места во Штип и Кратово.
На гласачко место 2248/1 во Штип се читале на глас избирачит, додека на гласачкото место 0934 во Кратово било присутно неовластено лице. Била повикана полиција која го отстранила лицето од пред гласачкото место.
Според податоците добиени од програмата за паралелно сумирање на гласовите одѕивот на гласачите до 11 часот е 11,2%, до 12 часот е 16,2%, додека до 13 часот е 21,3%.