Имајќи во предвид дека во тек е јавниот увид во Избирачкиот список, кој ќе трае до 23 август, МОСТ ги повикува граѓаните да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија, како и на интернет-страницата http://izbirackispisok.gov.mk.
Мост преку инфографик ги информира граѓаните за тоа што треба да направат за да ги проверат или променат своите податоци во Избирачкиот список.
Како и на сите изборни процеси, на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните ќе можат да пријавуваат евентуални нерегуларности поврзани со референдумот.