Москвјани маршираа во сеќавање на убиениот опозиционер Немцов

Немцов, еден од најхаризматичните и најенергичните противници, беше застрелан на 27 февруари 2015 година додека преминувал мост преку реката Москва, во близина на Крем.

63

Илјадници граѓани на Москва излегоа во центарот на градот за да учествуваат во маршот, организиран во знак на сеќавање на рускиот опозициски лидер Борис Немцов, кој беше убиен пред пет години.

Учесниците на маршот, исто така, протестираат против уставните измени во земјата, за кои велат дека му го отвораат патот на претседателот Владимир Путин да остане на власт дури и по истекот на неговиот мандат во 2024 година.

Учесниците на митингот носат постери со зборовите „Без вечен Путин“ и „Без узурпација на моќта“.

Московската полиција проценува дека околу осум илјади луѓе се вклучени во протестниот марш.

Немцов, еден од најхаризматичните и најенергичните противници, беше застрелан на 27 февруари 2015 година додека преминувал мост преку реката Москва, во близина на Крем. За неговото убиство, 20-годишна затворска казна издржува офицер од чеченските безбедносни сили, кои го поддржуваат Кремљ, додека уште четворица мажи поради сочешништво се осудени на затворски казни во траење од 11 и 19 години. Сепак, се уште не е откриено кој го организирал, ниту кој го нарачал убиството.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...