Најмалку 17 луѓе се повредени и еден е загинат во големото невреме кое денеска ја зафати Москва, изјави градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин.
Тој вели дека повредените се префрлени во болница и дека едно дете се здобило со тешки повреди.
Сабјанин навел дека дувал урагански ветер.
– Од корен се искорнати повеќе стотици стебла. Градските служби почнаа да го чистат градот – додава Собјанин.