Москва под закана за „минирани“ 25 метро станици

Вчера слични закани добила 22 објекти во кои има многу луѓе: шест трговски центри, 13 училишта, два суда и Катедралата Христос Спасител.

150

Непознати лица јавиле дека се „минирани“ 25 московски метро станици, изјавил извор од полицијата за локалните медиуми.

Вчера слични закани добила 22 објекти во кои има многу луѓе: шест трговски центри, 13 училишта, два суда и Катедралата Христос Спасител.

Метрото работи нормално, но се вршат проверки. Изворот на руските медиуми не прецизирал на кои линии на метрото се наоѓаат „минираните“ станици.

Бранот „тероризам“ во Москва и Санкт Петербург трае веќе втора недела. Речиси секој ден различни објекти добиваат писма со иста содржина – со тврдења дека во зградата е поставен експлозив.

Специјалните служби досега никаде не откриле опасни материи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...