Москва затрупана од снег, откажани повеќе од 70 летови

493

Рекордни снежни врнежи денеска ја зафатија Москва. Улиците и спомениците во руската престолнина беа прекриени со снег, а десетици летови беа откажани од главниот градски аеродром.

Во текот на ноќта паднаа седум сантиметри снег, при што вкупната снежна покривка достигна 45 сантиметри.

Над 70 летови се откажани од и кон аеродромот Шереметиево, информираат од аеродромот.

Од московската метеоролошка служба соопштија дека синоќешните врнежи го собориле рекордот од 1995 година.

Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин напиша на Твитер, „сите служби за чистење ја интензивираа работата”.

Градските власти испратиле повеќе од 60.000 луѓе да помогнат при чистење на снегот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...