Москва: Во Норвешка поцрвенеа од срам од зборовите на Столтенберг

3173
ФОТО: EPA-JIM-LO-SCALZO

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко ја коментираше изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој ги изедначи Адолф Хитлер, Јосиф Сталин и терористичката група Исламска држава.

– Во Норвешка, која Црвената армија  ја ослободи од нацистичките освојувачи, вчера многу луѓе поцрвенеа од срам – истакна Грушко.

Тој додаде дека „ако одвраќањето не дејствува,  треба да се борите – Хитлер не можел да биде запрен со мирни протести, Сталин не можел да биде притворен со зборови и ИД не може да биде победена со дијалог”.

ФОТО: EPA-JIM-LO-SCALZO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...