Морскиот лав Кан ќе добие партнерка, шимпанзото Коко доаѓа со три другарчиња

2275

Морскиот лав Кан покрај своите Зоо негуватели, ќе има и нова пријателка. Морската лавица ќе пристигне од Нинберг, а моментално се прават подготовки и за реновирање на живеалиштето со цел да имаат идеални услови за заеднички живот, информира Зоолошка.

Од таму додаваат дека новиот дом на Коко е во финална фаза, а шимпанзото во Скопје пристигнува со уште три шимпанза со кои бил неразделен во Холандија. Живеалиштето за шимпанза е по светски стандарди, а Зоо негувателите кои ќе се грижат за нив поминуваат и обуки во Холандија. Во мај и јуни пристигнуваат и многу други животни.

– Сакаме оваа година да влеземе во ЕАЗА ( Европска асоцијација на зоолошки и аквариуми). Мај и јуни ќе бидат месеците во кои зоолошката ќе ги добие животните кои и недостасуваат. Зебри, лавови, еланд антилопи, белоносести коати и нови птици. Паралено започнавме и со изградбата на објектот за фламинга и пингивини и со реновирање на други живеалишта како базенот на Кан. Ветивме европска зоолошка градина, тоа и ќе го направиме – изјави директорот на Зоо Скопје, Ѓорѓи Галетановски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...