Морина со тапани пречекан во Косово

950

Поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина, по излегувањето од притвор, вчера вечерта се вратил во Косово.

Таму бил пречекан како народен херој и со тапани. Косовските медиуми објавија и видеа од пречекот на Морина.

Вчера Коханет пишуваше дека Морина не сакал да даде изјава за медиумите, додека членови на неговото семејство кажале дека е во добра здравствена состојба и бил добро третиран од властите во Северна Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...