Поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина, по излегувањето од притвор, вечерва се вратил во Косово.
Косовската Коханет, објави видео и информација дека Морина влегол на Косово околу 19 часот на граничниот премин Блаце.
Според Коханет, Морина не сакал да даде изјава за медиумите, додека членови на неговото семејство кажале дека е во добра здравствена состојба и бил добро третиран од властите во Северна Македонија.
Претходно неговиот адвокат Насер Рауфи, изјави дека Морина по излегувањето од притвор заминал за Приштина со косовски пасош.