Мордбидна смрт: Двегодишна ќерка ја убила мајка си

Јулија Шарко ја извлекувала ќерка си од прозорецот на автомобилот кога девојчето случајно го притиснало копче за да го затвори прозорецот.

984

Морничава смрт ѝ се случила на младата мајка од Белорусија, Јулија Шарко (21), кога нејзината двегодишна ќеркичка случајно ја убила.

Јулија Шарко ја извлекувала ќерка си од прозорецот на автомобилот кога девојчето случајно го притиснало копче за затворање на прозорецот.

Тој автоматски почнал да се затвора и да го притиска вратот на Јулија, а таа почнала да се гуши.

Набргу потоа, сопругот Артур ја пронашол сопругата во несвест, додека ќеркичката врескала во автомобилот. Тој веднаш го искршил прозорецот, ја извлекол надвор ќерката, а сопругата ја одвезол во болница во Брест. За жал, осум дена подоцна таа починала.

„Мозокот ѝ беше неповратно оштетен поради вклештените крвни садови“, се наведува во медицинскиот извештај.

Полицискиот иследник Дмитриј Иванјук изјавил дека несреќата се случила додека Јулија била на гости.

„Младата жена била на посета кај пријателите со своето семејство била во посета во местото Старо Село. Сопругот ја пронашол во несвест на 31 август околу 16:30 по локално време, a вратот ѝ бил притиснат со прозорецот на предниот дел на автомобилот“, објаснил тој.
Двојката има две деца, Маргарита и Аријана. Во тек е истрага во врска со овој несекојдневен случај.

Извор: Kurir.rs/DailyMail

ФОТО: Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...