Сопругата на олимпискиот шампион во скијање Боди Милер објави фотографија со семејството во чест на своето починато девојче Еми, кое се удави на 10 јули.
– Среќен Божиќ на нашето девојче на небото. Ни недостасуваш толку многу! – напиша Морган на својот Инстаграм.
Три месеци по смртта на Еми, Морган го роди Ештон Ваун Рек Милер. Боди и Морган имаат уште три деца: десетгодишната Несин, петгодишниот Самуел и тригодишниот Наш.
– Изминатата година беше и тажна и среќна. Тагувавме по нашиот ангел и се обидувавме да ги излечиме раните, што е речиси невозможно. Сето тоа, додека му се радуваме на раѓањето на нашиот син – напиша таа, додавајќи дека „нема нов почеток откако ќе изгубиш дете“.
ФОТО: Инстаграм / E! News