Морбилите не запираат, во вторник може да се прогласи епидемија во цела Македонија

2169

Во вторник Комисијата за заразни болести ќе одлучи дали ќе прогласи епидемија од морбили на целата територија на Македонија.

Епидемијата е во полн ек, покажуваат и последните податоци според кои за само една недела има нови 126 заразени кои се пријавени во Институтот за јавно здравје на РМ, со што вкупната бројка на заболени достигна 960. Вирусот се прошири и меѓу здравствените работници меѓу кои има повеќе од 100 заболени, а освен медицински сестри, се инфицираа и матични лекари, специјализанти и друг кадар. Од морбили заболе и економскиот директор на Детска клиника.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...