Морбидни детали од убиството во Србија: Се јавил кај ќерката да каже што направил

548

Шеесетгодишниот Шандор Харти ја убил 43-годишната сопруга Кристина во куќата во која живееле во Србија.

Со ловечка пушка на сопругата ѝ пукал во гради, а потоа се јавил кај својата ќерка да ѝ каже што направил, па додал дека ќе се убие и себеси. По разговорот, си пукал во главата.

Шандор работел како чувар и живееле во куќа на имотот на фирмата.

Кристина претходно му се жалела на својот брат дека има проблеми во бракот и дека Шандор ја малтретира физички. Тој имал легална дозвола за пушката.

Нивните тела биле однесени на обдукција, пренесуваат српските медиуми.

Претходно беше објавено дека според податоци од полиција и социјални служби, немало ниту една пријава за насилство во семејството, а сопружниците делувале како да имаат добар брак.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...