Морачанин: Да почне комисиската расправа за Законот за спречување и заштита од дискриминација

100

Пратеничката од ДОМ, Морачанин побара предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација, да биде ставен на дневен ред на утрешната седница на Комисијата за труд и социјална политика. Овој Предлог-закон, подготвен од Министерството за труд и социјална политика, доставен е до Собранието, во јуни оваа година. На 18.07.2018 ставен е на дневен ред на 53-тата пленарна седница.

– Целта на новиот Закон е обезбедување на принципот на еднаквост и спречување и заштита од дискриминација во остварување на човековите права и слободи. Со него се врши усогласување на нашата законска регулатива со правото на Европската Унија. Во Извештајот за 2018 година, Европската Комисија препорача да се усвои новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација и другите закони да се усогласат со него – истакна Морачанин.

По меѓусебна консултација, членовите на Комисијата за труд и социјална политика од мнозинството и опозицијата, се договорија Предлог-законот да биде ставен на дневен ред на следна седница на Комисијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...